Вардар ќе игра против ГРК Охрид во финалето на традиционалниот Струшки ракометен турнир, откако славеше против Бутел (36-23). Избраниците на Иван Чушиќ без многу мака славеа над градскиот ривал Бутел предводен од вардаровата легенда Стојанче Стоилов.
Охрид прв се пласираше во финалето на 54. издание на Меѓународниот ракометен струшки турнир 2026, кој го носи името „Вангел Баљукоски-Баљук“, откако славеше со 26-21 над српскиот претставник Дубочица од Лесковац, на вториот натпреварувачки ден, додека вториот финалист требаше да ...
Ракометарите на Струга со минимална победа од 28-27 против Дубочица од Лесковец обезбедија место во натпреварот за третото место на традиционалниот турнир „Струга 2026“. Домашниот состав и гостите одиграа интересен и неизвесен натпревар уште од самиот почеток.