Водата од градскиот водовод на Валандово од денеска е повторно во целосна употреба согласно документ од надлежната Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), со кој се укинува досегашната забрана, соопшти денеска градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев.
По случајот во Гостивар со квалитетот на водата, загриженост за безбедноста на водоснабдителните системи е изразена и во неколку други градови во државата. Во Валандово, на граѓаните им е забрането користење на водата од градскиот водовод за пиење, откако анализите на Институтот ...
По Гостиварчани, и жителите на Валандово останаа без вода за пиење од градскиот водовод. Оваа следи откако во истата било регистрирано зголемено присуство на арсен, а информацијата ја сооопшти тамошното јавно претпријатие „Комунален сервис“.
Водата од валандовскиот водовод не смее да се користи за пиење и подготовка на храна, откако анализите покажале зголемено присуство на арсен. Измерени се 14 микрограми на литар, околу 40 отсто над максимално дозволената вредност од 10 микрограми.
Д-р Нико Беќаровски се огласи по информацијата дека во водата од градскиот водовод во Валандово е измерена концентрација на арсен од 14 ppb, што е околу 40 проценти над максимално дозволената граница според препораките на Светската здравствена организација (10 ppb).