Во Европската Унија денеска стапува во сила нова регулатива која постепено ќе ги исфрла пластиката и преголемите пакувања од секојдневната употреба. Сепак, многу од значајните новини за потрошувачите ќе важат од 2030, објави „Дојче веле“.
Во Европската Унија од денеска на сила се новите регулативи за амбалажа и амбалажен отпад, а една од најзначајните промени се однесува на таканаречените PFAS-соединенија во амбалажата за храна. Промената особено ќе влијае врз амбалажата што потрошувачите секојдневно ја добиваат ...
Во Европската унија од утре се менуваат правилата за употреба на амбалажа. Новите правила важат за секој што пласира амбалажа на пазарот, а целта е да се намали количината на пластичен отпад и да се поттикне повторна употреба на пластични предмети.