Забрзува изградбата на автопатот Прилеп – Битола, кој е дел од Коридорот 10Д. Како што информираше на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоси, се планира во првата половина од следната година да бидат пуштени во функција 10,5 километри од овој автопат, ...
Нашата цел е првата половина на 2027 година да имаме пуштено во функција 10,5 км, а исто така во тек на следната година сообраќајот по целата должина од 40 км да се одвива по една коловозна лента – напиша Николоски.
Министерот за транспорт, Александар Николоски изјави дека автопатот Прилеп–Битола станува еден од клучните инфраструктурни проекти за развојот на Пелагонија, при што на терен се одвива засилена и интензивна градежна активност на делницата која е дел од Коридорот 10Д.