TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Колку мирниот старт на работата на Собранието е затишје пред бура?

24 Вести - пред: 3 часа

Иако најавуваа блокади особено на законите кои се косат со охридскиот рамковен договор сепак денеска на првата пленарна седница по доморите албанскиот опозициски блок беше тивок . Сепак не изостанаа процедуралните забелешки од страна на опозициската СДСМ во неколку наврати ...

Пеколен старт за пратениците, пред нив седница со 53 точки

Проверено - пред: 14 часа

Пратениците денеска почнуваат со работа на првата пленарна седница по летните одмори. На дневен ред на новата 121. седница ставени се дури 53 точки. Претседателот на Собранието Африм Гаши на првиот брифинг со новинарите по одморите најави дека сите закони за кои е потребно ...

Се подготвува ли т.н. „бадентерова криза“ во законодавниот дом?!

Либертас - 31.08.2026

Првиот парламентарец Африм Гаши пред медимите уверува дека нема да дозволи злоупотреба на Деловникот за да предизвика парламентарни избори, освен ако лидерите на партиите не се договорат да има избори . Ова го порача Гаши како одговор до албанските опозициски партии, доколку и ...

Гаши за законите со Бадентер: Собранието нема да биде порта за предвремени избори

Колегиум - 31.08.2026

Закони за кои е потребен Бадентер се законот за правична застапеност, за високо образование, за локална самоуправа и други. „Ова прашање има повеќе политичка димензија отколку процедурална. Во својство на претседател на Собранието се обидувам ги преземам сите мерки.

НОВА ПОЛИТИЧКА КРИЗА ПРЕД ВРАТА – ДУИ најавува блокади, Гаши не исклучува нова битка во Собранието

Национално - 31.08.2026

Собранието се враќа во полн состав по летната пауза, а на првата координативна средба пред продолжувањето на собраниската работа, претседателот на Парламентот, Африм Гаши, најави дека до крајот на септември ќе се одржат најмалку четири пленарни седници.

Гаши: Сите закони за кои е потребен Бадентер ќе бидат ставени на гласање, неизвесен исходот поради ДУИ

Журнал - 31.08.2026

Сите закони за кои е потребно гласање со Бадентерово мнозинство ќе бидат ставени на дневен ред и на гласање во Собранието, но останува неизвесно дали ќе бидат усвоени поради процедуралните постапки на опозициската ДУИ, изјави претседателот на Собранието Африм Гаши.