За Вардар завршија европските предизвици за ова лето. Македонскиот првак на два пати доживеа болна елиминација. Најпрво Вардар беше исфрлен од квалификациите во Лига на шампиони, откако загуби од КуПС од Финска со вкупен резултат 3:4 во двомеч кој траеше 210 минути.
Спортманија - SportSport - Спортманија - МакФудбал - Скопско Ехо - Спорт+
Вардар не успеа да ја продолжи европската авантура. Иако македонскиот тим имаше шанса да се пласира во следната рунда во Конференциската лига и водеше со 0-2 против Рига, сепак не издржа. Прими гол во 87. минута, што значеше продолженија, а таму целосно се распадна.
Македонскиот шампион Вардар попладнево ќе го игра вториот натпревар во Конференциската лига. Откако вардарци беа елиминирани од Лигата на шампионите, тие продолжија во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Екипата на Вардар пред една недела во Скопје не успеа да ги искористи своите шанси, направи грешки во одбраната и за тоа ја плати цената во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции против тимот на Рига.