Актерот Рајан Рејнолдс одлучи да им помогне на шанкерите и келнерите во САД и Канада кои останаа без работа поради пандемијата со COVID-19. Тој ќе донира пари на келнерите и шанкерите кои останаа без работа поради коронавирусот SARS-CoV-2.
Откако Рајан Рејнолдс и неговата сопруга, Блејк Лајвли, донираа милион долари на хуманитарни организации, актерот пронашол уште еден начин да им помогне на луѓето за време на пандемијата на коронавирусот.
Познатиот актер Рајан Рејнолдс одлучи да донира 30 отсто од вкупните приходи од продажбата на својот џин „Aviation“, на сите келнери и шанкери кои поради пандемијата од Ковид 19 останаа без работа.