Фоторепортер на „Слободен печат“ претпладнево сними две видеа на кои може да се види како човек лежеше на улицата кај факултетите кај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, спроти судовите во Скопје. Од полицијата за „Слободен печат“ потврдија дека се работи за сообраќајна несреќа.
Тешка сообраќајна несреќа утрово ги вознемири минувачите кај Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, спроти судовите во Скопје. Според фотографиите објавени во дел од медиумите, повреден е маж кој лежи на самиот коловоз.