Рози Мицкоска, сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, синоќа присуствуваше на приемот што го организира првата дама на САД, Меланија Трамп, за сопругите на светските лидери што учествуваат на 81. Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Приемот беше организиран во рамките на иницијативата на Меланија Трамп „Заедничко градење на иднината“ (Fostering the Future Together), чија цел е да им пружи поддршка на децата и младите, истовремено создавајќи нови можности за нивниот развој и образование.
Откако заврши 30-минутниот говор на американскиот претседател Доналд Трамп на Генералното собрание на ОН салата ја напушти неговата сопруга Меланија. По неа веднаш замина државниот секретар Марко Рубио, а по нив македонскиот премиер.