TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

(Видео) Метеж на патарината Скопје-Тетово, отворена уште една лента – Охрид се полни со туристи за продолжениот викенд

Скопје1 - пред: 13 часа

Продолжениот викенд донесе засилен интензитет на сообраќај на повеќе патни правци низ Македонија. Големи гужви се создадоа на автопатот Скопје–Тетово, каде поради зголемениот број возила на патарината беше отворена уште една лента за да се забрза протокот на сообраќајот.

Празничниот викенд почна - Гужва на патиштата и граничните премини

Скопје инфо - пред: 13 часа

Со почетокот на продолжениот викенд за државниот празник Илинден – 2 Август, голем број граѓани веќе заминаа кон туристичките центри во Македонија и надвор од неа, викенд-населбите и родните места. Зголемена фреквенција на возила се очекува на патиштата денеска, особено кон ...

На патарината Глумово вечерва се чека и 20 минути — големи колони накај Маврово и Охрид пред продолжениот викенд

Слободен Печат - 31.07.2026

Големи редици се создадоа доцна попладнето и вечерва на патарината кај Глуново на автопатот Скопје-Тетово, а на моменти се чекаше и дваесетина минути, Голем број луѓе пред Илинден и продолжениот викенд тргнаа кон Охрид, но и кон Струга, Маврово и другите туристички места во ...

Хаос на излез од Скопје: Редици автомобили на патарината кон Тетово

iNFOMAX - 31.07.2026

Гужва го закочи сообраќајот на излез од Скопје, на патарината кон Тетово. Како и секоја година, голем број граѓани пред Илинден се упатуваат кон Охрид, со што се прави застој на патарините на овој излез од градот. За да се поминат патарините, се чека по повеќе од половина час.

(Видео) Ако тргнувате кон Охрид, бидете подготвени дека патот ќе трае

Скопје1 - 31.07.2026

Зголемениот број возила предизвика големи гужви и долги колони на патот кон Охрид, каде што сообраќајот на повеќе делници се одвива забавено. Поради интензивниот сообраќај, возачите се соочуваат со подолго време на патување.