Топлотниот бран што ја зафати земјава продолжува и денеска со температури до 40 степени. Според синоптичарите, сончево и многу топло ќе биде и утре, а од четврток се очекува мало освежување и пад на температурата за неколку степени.
Денес и утре се очекува пикот на топлотниот бран. Синоптичарите најавуваат температури до 40-тиот степен. Високи ќе бидат и утринските температури кои ќе се искачат до 20-тиот степен. За Скопје се најавува утринска температура до 21 степен и дневна до 39 степени.
Ако надвор е 39 степени, клима уредите да бидат на околу 25, за да може да се прилагоди организмот ако излезете надвор на отворено, препорача доктор Давид Здравески, раководител на Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот за јавно здравје, во изјава ...
Летната жештина за некого значи клима-уред, ладен пијалак и барање сенка. За друг, особено за луѓето над 65 години, може да биде сериозен здравствен ризик. Во денови кога температурите во Македонија се искачуваат до екстремно високи вредности, Институтот за јавно здравје ...
Лицата над 65 години се почувствителни на здравствените ефекти од високите температури и топлотните бранови. Согласно националните и меѓународните препораки, лицата над 65 години се сметаат за една од ризичните категории на населението.