TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кој го освои туристичкото лето на Балканот?

Економија и Бизнис - пред: 3 часа

За некого летото 2026 година беше уште една рекордна сезона. За другите, година во која бројките се зголемија, но заработката не растеше со исто темпо. Трети, пак, можеби имаа туристи, но не успеаја да ги задржат доволно долго или да ги натераат да трошат доволно.

Белградскиот регион привлекол повеќе странски туристи од цела Македонија

Рацин - пред: 2 часа

Македонија во август годинава регистрирала 244.513 туристи и 934.042 ноќевања, но регионалната споредба открива дека земјата значително заостанува во искористувањето на туристичкиот потенцијал. Само Белградскиот регион во истиот месец привлекол 154.267 странски туристи, наспроти ...

ТУРИСТИЧКИ БУМ: Скопје сè повеќе им конкурира на езерските дестинации

Пари - пред: 12 часа

Од 2011 година бројот на туристи во Македонија е во постојан подем. Пред 2011 година тој изнесувал околу 580.000 туристи на годишно ниво, а во 2011 година „скокнал“ на 647.568. Минатата година заврши со двојно повеќе, односно со 1.336.598 туристи.

Мицкоски слави туристички бум, но каде се милионите од туризмот?

Рацин - 16.10.2026

Речиси еден милион туристи, близу 2,7 милиони ноќевања и најави за туристички бум. Вака премиерот Христијан Мицкоски ги претстави најновите податоци на Државниот завод за статистика, оценувајќи дека Владата предвреме ја исполнува целта што си ја поставила за 2026 година.

Од 74 локалитети, само четири имаат развиено комплетен туристички производ на лице место

Рацин - 16.10.2026

Туризмот мора да создава вредност за локалната економија. Не е важно само колку туристи доаѓаат, туку што доживуваат, колку ќе останат и колку трошат. Стратегијата за туризам е почеток, но вистинскиот тест е во нејзината реализација.