Директорот на средното училиште „Фернан Дегресилие“ во француската општина Ошел (департман Па-де-Кале) денеска беше погоден во увото од пиротехничко средство за време на протест на учениците и беше пренесен во болница, соопштија локалните власти.
Протестите на средношколците во Франција денес се проширија на универзитетите, додека студентите и учениците – барајќи повеќе средства, помал број на ученици во одделенијата и замена на отсутните наставници – продолжија со блокадите низ целата земја.
Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска свика кризен состанок бидејќи растечките студентски протести поради условите во училиштата се проширија низ целата земја и во некои случаи станаа насилни, јавува ДПА.
Повеќе од 600 лица беа уапсени за време на блокадите на средните училишта во Франција, а над сто ученици и полицајци беа повредени во судирите со силите на редот, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез.