ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвинува дека правосудството оставено од претходната власт на СДСМ и ДУИ функционирало со, како што велат од партијата, двојни стандарди и дека граѓаните не ја чувствуваат еднаквоста пред законот.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска на прес-конференција обвини дека во македонското правосудство постојат двојни стандарди и дека различно се постапува зависно од тоа кој е опфатен со судските постапки.
„Јавноста со години е сведок и гледа како правосудството, кое само себе се доведе до 2% доверба, не постапува еднакво кон сите. За едни, со тешки криминални дела и скандали, како на Венко Филипче за модуларните е заштитник, други експресно гони и суди и за мали прекршоци.
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека правосудниот систем со години применува двојни стандарди и селективно постапува во случаи поврзани со политички функционери и високи профили. Од партијата велат дека довербата на граѓаните во правосудството е сведена на минимално ниво и дека институциите ...