Иронично, Вудсток воопшто не започнал како политичка или идеолошка манифестација. Четворица млади претприемачи, Џон Робертс, Џоел Розенман, Арти Корнфелд и Мајкл Ланг, првично сакале да заработат доволно пари за да изградат сопствено студио за снимање во Вудсток, Њујорк.
На 15. август 1969. година на една фарма во Бетел, во државата Њујорк, почна настан што требаше да трае 3 дена. Заврши дури утрото на 18. август, со кал до глуждови, блокирани патишта, недостиг од храна, исцрпени организатори и стотици илјади млади луѓе кои одбија хаосот да го ...