Италијанската фудбалска федерација се обиде да го ангажира Пеп Гвардиола како селектор, но нема да произлезе ништо од тоа. Според информациите што доаѓаат од Англија, разговорот помеѓу легендарниот стручњак и првиот човек на Италијанската фудбалска федерација траел буквално една ...
Пеп Гвардиола нема да седне на клупата на италијанската репрезентација. Легендарниот шпански стратег прифатил разговор со челниците на Фудбалската федерација на Италија, но неговите финансиски барања биле превисоки за „аѕурите“.
Италија бара ново решение за селекторската позиција и преговара со неколку звучни имиња. Пеп Гвардиола е очигледно прескап и недостапен, па се разгледуваат други опции. Федерацијата потврди дека остварила контакт и со искусниот Карло Анчелоти, кој во моментов го предводи Бразил.
Новото раководство на Фудбалскиот сојуз на Италија одржа прес-конференција на која, покрај досегашните активности, најголемо внимание привлече темата околу изборот на нов селектор на националната репрезентација.