Иако требаше да биде еден од седумте стјуарди на трката во Португалија, каде што Луис Хамилтон испиша нова историја во спортот, Виталиј Петров мораше да се повлече и веднаш да отпатува во Русија.
Голема тага во семејството на Виталиј Петров, екс возачот во Формула 1. Имено како што пренесуваат руските медиуми, Александар, таткото на Виталиј, бил убиен од снајперист, барем така се шпекулира во истрагата.
Поранешниот Формула 1 возач, Виталиј Петров нема да биде стјуард на Португалското ГП откако руските медиуми објавија дека неговиот татко Александер Петров, заменик претседател на советот на градот Виборг и бизнисмен бил застрелан во неговиот дом.