Вкупно 11 лица побарале медицинска помош по силното невреме кое неколку минути наликуваше на сцена по експлодирана касетна бомба со лимени парчиња на сите страни Превртени покриви, откинати делови и слични предмети летаа откако силен ветер оддеднаш го зафати Скопје иако ...
Паноптикум - Press24 - Либертас - Рацин - Скопје инфо - Проверено
Читател на „Слободен печат“ ни испрати снимка од невремето кое попладнево направи пустош во Скопје, на која се гледа како дрво кое паѓа за милиметар промашува автомобил кој се движел по улица во населбата Стар Аеродром.
Булевар - 360 степени - +инфо - Скопје инфо - Трн - 4NEWS
Големо невреме денеска имаше во Скопје и во Куманово. Има 15 повредени. Според најавите, ново невреме од Косово и Албанија се движи кон Македонија. фото Вангел Тануровски
Вечер Прес - Вечер Прес - Национално - 4NEWS - Либертас - Нова Македонија
Скопје се расчистува брзо, по силното невреме што го зафати попладнево, вели градоначалникот Орце Горѓиевски Булеварите се проодни, а паднатите дрвја и гранки интензивно се расчистуваат, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по силното невреме што попладнево ...
Нова Македонија - Прва Скопска - iNFOMAX - Вечер - Скопје1 - Журнал
По силното невреме што денес го зафати Скопје и регионот, Општина Чаир одржа состанок на Кризниот штаб со цел да се процени состојбата на терен и да се координираат понатамошните активности. Надлежните екипи се ангажирани на терен и остануваат во целосна готовност да ...
Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица попладнево го зафати Скопје, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Невремето, како што посочуваат од УХМР, се движи од северозапад кон југоисток.
АКТИВНОСТИТЕ НА ТЕРЕН ПРОДОЛЖУВААТ И ДОЦНА ВЕЧЕРВА! И во овие доцни вечерни часови, екипите на ЈКП Гази Баба не запираат и продолжуваат со расчистување и санирање на последиците од невремето. Првата фаза од интервенцијата е успешно завршена.
Силното невреме проследено со пороен дожд и оркански налети на ветер попладнево предизвика поплава и во објектот на Меѓународниот аеродром Скопје. На видеоснимки објавени на социјалните мрежи се гледа како дождовницата навлегла во дел од терминалот и ги поплавила просториите низ ...
Се надеваме дека немаме повредени луѓе, засега информациите кажуваат дека повредени нема, барем засега. Во името на Општината направивме неколку тимови, ги имаме критичните места, ќе дејствуваме секаде, вели градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски Силното невреме кое зафати ...
Општина Центар информира дека сите расположливи служби се максимално мобилизирани и интензивно работат на расчистување и санирање на последиците од силното невреме што го зафати градот. “Веднаш е свикан кризниот штаб, по што уследија теренските активности.
Силно невреме проследено со интензивен дожд, ветер и ситен град попладнево предизвика штети на повеќе локации во Куманово, при што се урнати дрвја и делови од лимени конструкции, а надлежните служби интервенираат на терен.
По силното невреме што го зафати Кавадарци, веднаш беа активирани сите надлежни служби со цел брзо расчистување на последиците и обезбедување нормално функционирање на градот. ЈП „Комуналец“ на терен ангажираше повеќе од 30 вработени од неколку одделенија.
По силното невреме со обилни врнежи од дожд и ветер што го зафати Делчево, од синоќа по 19 часот, градот остана без струја, како и со многу пријавени штети кои санираа до доцна во ноќта. Од станбена зграда на кејот на реката Брегалница, во центарот на Делчево на улицата одлета ...
Силно невреме проследено со олуен ветер, пороен дожд и грмежи попладнево го зафати Скопје. Според ексклузивните податоци од мерната станица поставена во главниот град, до кои дојде 4news.mk , пикот на невремето се случил во периодот меѓу 17:10 и 17:30 часот, кога се измерени ...
Градоначалникот на општина Дојран во обајва на социјалните мрежи соопшти во невремето за среќа нема повредени лица и е предизвикана само материјална штета. Тој вели дека екипи веднаш излгле на терен се работи на расчистување на падантите дрвја и причинетите штети Силното невреме ...
Независен - Економија и Бизнис - Слободен Печат - Либертас - 24Инфо - Зелена берза
Низа пожари избувнале вчера како резултат на силниот ветер, а кај голем дел од нив директна причина било судирањето на соголени жици. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во кумановско Челопек е опожарена и една куќа.