Новата сезона во ПМФЛ стартува на 25 јули, Вардар одбраната на титулата ја почнува на домашен терен против Брегалница. Веќе во следното коло „цврено-црните“ повторно се домаќини и тоа на големото дерби против Шкендија.
Новата фудбалска сезона во македонското првенство ќе започне на 25 и 26 јули. Според направениот распоред, актуелниот шампион Вардар ќе стартува на домашен терен и тоа против повратникот во елитното друштво Брегалница Штип.
Актуелниот шампион Вардар ќе ја започне одбраната на титулата во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига со домашен натпревар против Брегалница, откако денес беше објавен распоредот за стартот на шампионатот.