Според извештајот на ДЗР, во Врховниот суд на Република Северна Македонија во тек се 28 судски постапки. Судот се јавува како тужена страна по тужби засновани на надоместоци и права од работен однос, во вкупен износ од 4,28 милиони денари.
„Напоменуваме дека е неопходно пополнување на испразнетите судиски места, кои согласно одлуката на Судскиот совет се предвидени 28 места, вклучувајќи го и претседателот на судот, а пополнети на крај на 2024 година се 11 судиски места.
Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи и усогласеноста на Врховниот суд на Република Македонија за 2024 година и изрази мислење без резерва, оценувајќи дека извештаите се вистинити и објективни, а финансиските трансакции се во согласност со ...