Франција ѝ се реваншираше на Србија за поразот во Белград, откако во драматичен контролен натпревар пред своите навивачи славеше со 91-90. Домаќините одиграа одлично прво полувреме и создадоа солидна предност, но Србија не се предаде.
Франција и Србија одиграа вистински кошаркарски спектакл, во кој победникот беше решен буквално во последната секунда. Французите славеа со 91-90, благодарение на Џејленд Хорд кој беше побрз од сирената. Французите имаа целосна контрола во првото полувреме и на паузата заминаа ...