Репрезентацијата на Египет успеа да се пласира во осминафиналето на Мундијалот откако по изведување на пенали ја елиминира Австралија. Натпреварот по продолженијата заврши 1:1, а по пеналите беше 4:2 за Египет. Египет поведе со Емам Ашур во 13.минута.
Ризикот на австралискиот селектор Тони Поповиќ со менување на голманот неспоредно пред пеналите не се исплатеше. Поповиќ се обиде да ги изненади Египќаните со тоа што го повлече Патрик Бич кој бранеше одлично 118 минути.
Денеска со почеток од 20.00 часот во 1/16 финалето на Светското првенство на стадионот Арлингтон, Тексас, ќе играат фудбалските репрезентации на Египет и Австралија. Египетскиот селектор, Хосам Хасан е сè уште неизвесен дали напаѓачот Мохамед Салах ќе го започне натпреварот од ...