Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров , очекува националниот тим да продолжи со подигнување на формата и да почне да ги потврдува вложувањата во оваа генерација со подобри резултати.
Нашата најдобра ракометна селекција влегува во уште еден нов квалификациски циклус, сега за ЕП 2028. Јасно е дека целта да се продолжи со континуитетот на настапи на големи натпреварувања. Нешто што трае цела деценија.