Македонскиот пејач Васил Гарванлиев беше дел од специјалната програма на американската радио-платформа „Сириус Икс-Ем“, организирана по повод „Глобалниот ден на Битлси“, каде што ја изведе новата верзија на безвременскиот хит „All You Need Is Love“.
Македонскиот пејач Васил Гарванлиев оствари уште еден значаен меѓународен успех. Тој беше специјален гостин на „Сириус Икс-Ем“ , најголемата сателитска радио-платформа во Северна Америка, каде што настапи во специјална програма посветена на „Глобалниот ден на Битлси“.