И покрај најавите од Техеран за повторно затворање на Ормускиот теснец, еден од најважните светски поморски коридори продолжува да функционира без поголеми прекини, а бројот на товарни бродови што минуваат низ теснецот останува на високо ниво.
Четири танкери за течен природен гас, кој ги контролира Катар, впловија денеска во Ормуската теснина и покрај намалувањето на бродскиот сообраќај откако Иран објави дека повторно го затворил водниот пат за време на викендот, покажаа податоците за бродскиот сообраќај.
Извор близок до преговарачкиот тим на Иран изјави дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен сè додека израелските акции во Либан не бидат ставени под контрола, нагласувајќи дека самото укинување на поморската блокада нема да биде доволно за повторно воспоставување на пловидбата ...
Четири танкери за течен природен гас, кој ги контролира Катар, впловија денеска во Ормуската теснина и покрај намалувањето на бродскиот сообраќај откако Иран објави дека повторно го затворил водниот пат за време на викендот, покажаа податоците за бродскиот сообраќај.
И покрај преговорите меѓу САД и Иран во Швајцарија, поморските компании остануваат претпазливи поради неизвесноста околу Ормутскиот Теснец, клучна рута за светската трговија со нафта. Поморските компании и натаму внимателно ги планираат своите рути низ Ормутски Теснец, и покрај ...
Иранската војска тврди дека Ормускиот теснец останува затворен за поморски сообраќај, спротивно на соопштенијата на Соединетите Американски Држави дека комерцијалните бродови и натаму непречено пловат низ стратешкиот морски премин.
Три целосно натоварени индиски супертанкери се појавија во Оманскиот Залив, што дополнително укажува на зголемен сообраќај во двата правци по северната и јужната рута низ Ормускиот Теснец, и покрај спротивставените тврдења за состојбата со пловидбата.
Поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец е прекинат по соопштението на Централната команда на „Хатам ал-Анбија“, објави иранската новинска агенција Тасним, наведувајќи дека од вчера на ниту еден брод не му е дозволено да влезе или излезе од овој стратешки воден пат.
Околу 80 мини сè уште треба да се исчистат од главниот бродски канал во Ормускиот теснец, што го прави враќањето на нормалниот поморски сообраќај малку веројатно во блиска иднина, објави денес Гардијан, повикувајќи се на трговското тело за сопственици на танкери „Интертанко“.