Во нов израелски воздушен напад во јужниот дел на Појасот Газа загинаа најмалку двајца Палестинци, соопштија локалните здравствени власти. Нападот бил извршен врз возило во западниот дел на Кан Јунис, при што биле повредени уште две лица.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац изјавија дека во израелскиот напад во Кан Јунис е убиен Мухамед Абу Алван, за кого тврдат дека бил раководител на финансискиот оддел на Хамас.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет (Израелската безбедносна агенција) го ликвидирале Мухамед Абу Алван, шефот на одделот за финансии на Хамас, во заедничка операција во областа Кан Јунис во Газа, објави „Ерусалим пост“ .