Скопје влегува во период во кој неколку големи сообраќајни проекти треба да се реализираат паралелно: обновување на автобускиот возен парк, изградба на системот за брз автобуски превоз – БРТ, поставување инфраструктура за електрично полнење и зголемување на паркинг-капацитетите ...
Финансиската состојба на Град Скопје е целосно стабилизирана, долгот на градот е сведен на нула, а во полн ек се клучни инфраструктурни и сообраќајни проекти, истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Георгиевски, во интервју за емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.
Во тек е рокот за испорака на новите автобуси, а Град Скопје паралелно ги презема сите потребни активности за подготовка на инфраструктурата, со цел автобусите веднаш по пристигнувањето да можат да бидат ставени во функција.
По повеќегодишното одложување на проектот за БРТ пронајдено е функционално решение со кое ќе се задржи средишното зеленило, наместо негово отстранување, изјави градоначалник на Град Скопје, во гостувањето на Сител телевизија во „Тема на денот“.