Струга Трим Лум по првите четири кола има седум бода и се наоѓа на четвртата позиција, а во денешниот дуел ја пречекува Брегалница на домашен терен. Според стружани, тоа е одлична можност тимот да се врати на победнички патеки.
Денеска од 17 часот на Градскиот стадион во Струга, во меч од 5.коло, домашниот состав на Струга Трим Лум ја дочекува Брегалница. По поразот минатата недела од Шкендија во дербито, јасно е дека тимот на Бледи Шкемби е пред голем предивзвик.
По гостувањата кај Вардар и кај Шкендија, за Брегалница следува гостување и кај Струга ТЛ. Реално, распоредот сакаше во првите пет кола, штипјани да ги одиграат против трите најдобри тима во минатата сезона. Брегалница нема освоено бод на гостински терен, со надеж дека денеска ...