Македонскиот интернационалец и повремен репрезентативец Дарко Димитриевски, и следната сезона ќе биде дел од Асобал лигата. Тимот на Синфин Сантандер му понудил нов договор на нашиот бек, а денеска беше официјализирана и новата соработка.
По добрите настапи во Синфин Сантандер, македонскиот ракометар Дарко Димитриевски од раководството на клубот е награден со продолжување на престојот во најсилната шпанска АСОБАЛ лига на уште една година.