Првите сомнежи дека меѓу нив постои нешто повеќе од пријателство се појавија кога следбениците забележаа дека објавуваат фотографии од исти локации за време на престојот во Тајланд. Набргу потоа, тие споделија и заеднички фотографии, со што практично ја потврдија врската.
Махмут Орхан ја потврди врската со моделот Дарија со заедничка Инстаграм објава, но диџејот е многу таинствен за нивната врска и малку детали ѝ се познати на јавноста. Турскиот диџеј и продуцент Махмут Орхан во изминатите неколку години успеа да изгради светска кариера.