СДСМ продолжува со обвинувањата за прославата на независноста. Владата ги крие документите, сумите, договорите, анексите и добавувачите за прославата за независноста за која беа потрошени милионски суми.
Прес конфереција на СДСМ, Маја Борозан Елитниот арамија Мицкоски ги излажа граѓаните дека прославата на независноста ќе чини „нула денари”. Сега сите знаат дека се потрошени 5,5 милиони евра. Толку е лотото за Мицкоски.
Опозициската СДСМ бара да се објават сите документи поврзани со трошоците за прославата на државната независност. Од партијата прашуваат кои се членови на Комисијата во Државна лотарија која ги одбирала компаниите и кои се критериумите според кои се делеле над 5 милиони евра.