Репрезентацијата на Швајцарија е последниот четвртфиналист на Светското првенство. Во Ванкувер, Швајцарците ја победија Колумбија на пенали 4:3, откако натпреварот заврши 0:0. Швајцарија и Колумбија многу малку понудија во основниот дел од натпреварот и продолженијата.
Последното осминафинале помеѓу Колумбија и Швајцарија кое е во тек, ќе биде последниот меч на СП 2026 кој ќе се одигра во Канада. Средбата се игра во Ванкувер, град во кој се одиграа седум мечеви на овој Мундијал. Од тие седум дуели, на три играше Швајцарија.
Познато е дека Мурат Јакин е во состојба да изненади речиси пред секој натпревар со изборот на почетниот состав, а непредвидените промени во неговиот тим со текот на времето станаа еден вид заштитен знак. Сепак, овој пат швајцарскиот селектор нема да се потпира само на тактички ...