TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Животот поскапува побрзо од она што го покажува пресметката за инфлацијата

Рацин - пред: 4 часа

Минималната синдикална кошница во септември достигна 69.432 денари, за 4.355 денари повеќе отколку пред една година, додека официјалната инфлација изнесува 2,7 проценти. Просечната нето-плата во јули пораснала за 7,1 процент на годишно ниво, но овие бројки не ја даваат целосната ...

Работат двајца, а недостигаат 17.000 денари: Колку чини преживувањето во Македонија?

Трн - пред: 1 ден

Синдикалната минимална кошница во септември достигна 69.432 денари, додека две минимални плати изнесуваат околу 52.000 денари. Економистот Бранимир Јовановиќ предупредува дека јазот меѓу платите и трошоците за живот се продлабочува.

Македонија е евтина за Европа, но колку е евтина за Македонците?

Пари - 14.10.2026

Една просечна плата во Македонија изнесува 48.499 денари. Две такви плати носат речиси 97 илјади денари месечен приход во семејниот буџет. Но, колку од овие пари остануваат по трошоците за храна, сметки, домување, превоз и другите секојдневни потреби? Одговорот е различен за ...

Македонија меѓу најевтините или најскапите земји во регионот? еве што покажуваат податоците

Фактор - 14.10.2026

Македонија и понатаму останува меѓу земјите со пониски трошоци за живот во регионот, но разликата во однос на соседите постепено се намалува поради растот на цените на храната, услугите и домувањето. Според последните податоци за движењето на трошоците на животот, цените во ...

Платите на Балканот забрзуваат – Македонија цели кон 1.000 евра, Црна Гора веќе е над таа граница

Паноптикум - 14.10.2026

Просечна плата од околу 1.000 евра до крајот на мандатот во 2028. година е новата цел што ја постави премиерот Христијан Мицкоски. Во исто време, само неколку стотини километри подалеку, Црна Гора веќе има просечна нето-плата над 1.000 евра, а нејзината влада најавува дека од ...

Ние ќе имаме просек од 1.000 евра во 2028 година, Црна Гора таков минималец в година

Слободен Печат - 13.10.2026

Со сегашното темпо на растот на платите, аналитичарите се сложуваат дека каскањето зад земјите во регионот ќе се продлабочи. Највпечатлив е примерот со Црна Гора. Таму се најавува минимална плата од 1.000 евра од јануари 2027 година, и тоа за оние со основно и средно образование ...

Од еднократна помош до повисоки плати и пензии

Вечер Прес - 13.10.2026

ШТО ПРЕЗЕМААТ ВЛАДИТЕ ВО РЕГИОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД? Хрватска подготвува годишен додаток за пензионерите, Србија исплати стотици милиони евра помош и најави нови зголемувања на примањата, Црна Гора од јануари 2027 година планира минимални плати до 1.400 евра, ...

Само 2 отсто се на минималец, но колку вреди платата во маркетите?

Вечер Прес - 13.10.2026

Инфлацијата забавува, но граѓаните и понатаму се соочуваат со високи трошоци за храна и за основни производи, бидејќи забавувањето на инфлацијата не значи и намалување на цените. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, посочува дека околу 2 проценти од вработените примаат ...

Како растат платите на Балканот и каде е Македонија?

Трн - 13.10.2026

Додека цените на храната, домувањето и услугите продолжуваат да го притискаат семејниот буџет, земјите од регионот сè повеќе се насочуваат кон зголемување на приходите на вработените. Балканските земји влегуваат во нова трка за повисоки плати.

Македонија поевтина за странците, но сè поскапа за домашните граѓани

Скопје1 - 14.10.2026

Иако Македонија и натаму е меѓу земјите со пониски трошоци за живот на Балканот, растот на цените постепено ја намалува разликата со соседните држави. Најголем товар за граѓаните остануваат храната, услугите и домувањето, додека платите не секогаш успеваат да го следат ...

Храната и домувањето ја намалуваат куповната моќ на македонските граѓани

Трн - 14.10.2026

Трошоците за живот растат побрзо од домашните плати, додека семејните буџети најмногу страдаат од сметките и основните намирници. Македонските семејства плаќаат сè поскап секојдневен живот бидејќи трошоците за храна и домување продолжуваат да ја намалуваат реалната куповна моќ ...

Платите и трошоците за живот повторно во фокусот: Граѓаните чекаат реално подобрување на стандардот

4NEWS - 13.10.2026

Забавувањето на инфлацијата не значи и дека животот станал поевтин. Иако растот на цените е поумерен, граѓаните и натаму се соочуваат со високи трошоци за храна и основни потреби, поради што прашањето за реалниот раст на платите останува едно од клучните економски прашања.