„Дома“, новото EP-издание на Тодор Караколев, не доаѓа како уште една кратка објава во неделниот музички шум. Тоа звучи како мала внатрешна просторија во која човекот се повлекува кога градот, луѓето, навиките и сопствената глава ќе станат прегласни.
„Стотројка“ го објави „Дома“, најновото минииздание на пејачот, автор и продуцент Тодор Караколев. Албумот содржи три композиции: инструменталната „103“, насловната „Дома“ и „Сеедно“, за кои авторот вели дека носат атмосфера што се движи помеѓу немир, интроспекција и смиреност.
Стотројка го објави „Дома“, најновиот малбум (EP) на Тодор Караколев, пејач- песнописец и продуцент кој создава композиции со силен емотивен набој и луцидна лирика, движејќи се лесно и непредвидливо помеѓу различни стилови на електронската музика.