Дваесеттите Медитерански игри во Таранто, Италија, официјално започнуваат на 21 август и ќе траат сè до 3 септември. Претстојниот спортски настан носи рекордна македонска делегација којa брои вкупно 130 членови. На Игрите ќе учествуваат вкупно 3.854 спортисти од 26 земји.
Македонија на претстојните 20. Медитерански игри (МИ), кои од 21 август до 3 септември ќе се одржат во Таранто (Италија), ќе оди со рекордна делегација од 130 члена, од кои 90 спортисти, кои ќе се натпреваруваат во 19 спорта.
Македонија е подготвена за ново големо спортско претставување на меѓународната сцена. Денеска официјално беше претставена делегацијата која од 21 август до 3 септември ќе ги брани македонските бои на Медитеранските игри во Таранто, Италија.