Во Тирана вечерва повторно се собраа студенти и граѓани пред канцеларијата на премиерот Еди Рама. Помала група демонстранти фрлаше камења кон полицијата и искрши жардињера. Полицијата интервенираше со прскање вода врз демонстрантите кои се прегрупираа.
Протестот во Тирана попладнево продолжува пред канцеларијата на премиерот Еди Рама. Демонстратите, студенти, нивни професори и граѓани најнапред утрово се обидоа да дојдат до Парламентот, но полицијата имаше поставено силни блокади поддржани со воден топ во позадина што го ...
За денеска е најавен голем собир пред зградата на Парламентот, каде што се одржува седница. Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги покани студентите што протестираат веќе десетина дена на дијалог. За разлика од претходните пати, Рама постави неколку бетонски клупи со натпис ...