Повеќе од 200 граѓани во Македонија чекаат орган за втора шанса за живот, најмногу од нив дури 150 за бубрег. Законот со кој граѓаните доброволно би се согласиле да бидат органодарители би требало наскоро да биде усвоен...
Органодарителството е еден од највозвишените чинови што човек може да ги направи. Тоа е одлука која не носи корист за оној што дарува, туку спасува животи на оние кои со денови, месеци или години ја чекаат својата шанса.
„Наша примарна цел е да ги излечиме болните, но онаму каде што веќе медицината е немоќна, каде што настапува мозочна смрт, следен законски, медицински, хуман чин, е да се побараат органите за трансплантација“, порачува проф.