За прифаќањето на понудената гаранција треба да одлучи Кривичниот суд, кој ќе процени дали гаранцијата, заедно со евентуални дополнителни мерки на претпазливост, е доволна за да се обезбеди присуството на Јованов во понатамошната судска постапка за пожарот во дискотеката „Пулс“.
Сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко со 200 илјади евра во недвижен имот гарантира дека нема да бега. Јованов всушност го заложил цел свој имот, но имот заложил и член на семејството. – Во гаранцијата влегува целокупниот недвижен имот што е на име на Дејан ...
Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани и првообвинет во судскиот процес за пожарот во кој загинаа 63 лица, нуди недвижен имот како гаранција дека ќе остане достапен за судот и нема да избега доколку му биде укинат притворот, објави Слободен печат.