Мешовити тимови од инспектори и полицајци ќе патролираат низ Куманово на кризните точки каде што секојдневно има пожари. Кризниот штаб за заштита и спасување на вонредна седница, одлучи да се воведе и времен пункт на противпожарна единица на Спомен Костурницата.
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, најави дека ќе побара средба со Основниот јавен обвинител во Куманово и со државниот јавен обвинител поради, како што рече, несоодветното постапување кон лицата кои се откриени како предизвикувачи на пожари.
Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска одржа вонредна седница посветена на актуелната состојба со пожарите на територијата на Општина Куманово, со посебен акцент на пожарот на депонијата „Краста“, дивите депонии и превентивните мерки што ќе се преземаат во текот на ...