Во анализата за Црна Гора од 2024 година, ММФ направил стрес-сценарио, во кое се претпоставува целосно укинување на пензиските придонеси и исполнување на тогашното ветување за зголемување на минималната нето-плата.
Црна Гора се подготвува за еден од најрадикалните зафати во пензиското финансирање во Европа – целосно укинување на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување и преминување кон финансирање на пензиите од општите приходи на државата.
Црна Гора се подготвува за значајна промена во начинот на кој се финансираат пензиите. Владата предлага целосно укинување на преостанатиот придонес за пензиско и инвалидско осигурување и пензиите во иднина да се обезбедуваат од општите буџетски приходи.