Претреси на повеќе локации во Скопје, одземена електронска опрема, за двајца осомничени определени мерки притвор, другите тројца веќе издржуваат затворски казни. Во координирана акција на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Министерството за внатрешни работи (МВР), ...
Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица од Скопје.
Поднесена е кривична пријава против пет лица од Скопје кои формирале медиумски канал и преку него повикувале и поттикнувале формирање на терористичка група по примерот на радикалната исламистичка организација ИСИС, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во координирана акција на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера беа извршени претреси на повеќе локации во Скопје во рамки на предистражна постапка за кривичното дело „терористичка организација“.