Иако мажите и жените се речиси еднакво застапени во Избирачкиот список, сепак е забележана помала излезеност на жените на Локалните избори минатата година, што е особено повидливо во помалите општини, покажува анализата на статистички податоци, добиени преку евиденцијата на ...
Иако мажите и жените се речиси подеднакво застапени во Избирачкиот список, податоците од Локалните избори 2025 покажуваат разлика во излезеноста. Кај жените излезеноста изнесувала 48,4 проценти, додека кај мажите била 51,6 проценти.
Државната изборна комисија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Швајцарската „Програма за изборна поддршка“ спроведувана преку Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС денеска организираат конференција на тема „Унапредување на изборното учество на жените преку податоци, ...