Две лица загинаа во поплавите што го зафатија Истанбул по обилните врнежи во средата. Меѓу жртвите е 14-годишно момче кое починало од струен удар, додека 34-годишно лице го загубило животот откако паднало во надојдената вода и не успеало самостојно да се извлече.
Четиринаесетгодишно момче вчера загина од струен удар во парк во истанбулската општина Фатих, откако стапнало во вир со вода што била под напон. Најголемиот турски град вчера го зафатија поплави. Обилните дождови поплавија бројни патишта, подвозници, тунели, домови и деловни ...
Локалните власти на Истанбул наредија затворање на училиштата, а државните службеници со инвалидитет и мајките со мали деца денеска се ослободени од работните обврски поради вчерашните обилни дождови што го поплавија градот.