По неколкудневни интензивни работилници, учесниците на меѓународниот музички камп „Етно Македонија“ ќе настапат пред битолската публика. На концертот ќе се изведат традиционални песни и мелодии создадени преку заедничка музичка соработка.
Битола деновиве е домаќин на шестото издание на меѓународниот музички камп „Етно Македонија“, каде млади музичари од девет земји заеднички ја истражуваат и оживуваат традиционалната музика преку непосредно учење и музицирање. Концептот на кампот е единствен.