Граѓанскиот новинар Енис Алиов, бара одговор од надлежните институции во Штип, кога и како планираат да го решат проблемот со погрешно паркираните возила низ градот. Паркирани возила на тротоарите или на пешачки премини е секојневна слика во Штип.
Никој од надлежните, сообраќајната полицијата, Општина Центар и Град Скопје немаат намера да го решат хаосот кој владее на централната пешачка улица во Скопје, улица Македонија и споредната улица Луј Пастер, која исто така е пешачка зона.
Непрописно паркирани возила на локации наменети за пешаци е веќе секојдневна слика за пешачката зона на улица Македонија. Покрај паркирани, често се забележуваат и автомобили во движење, кои претставуваат сериозна закана за пешаците.
Улица „Македонија“, наместо простор наменет за пешаците стана паркинг. Тука непречено се движат и автомобили. Освен што им пречат на граѓаните во текот на прошетката, возачите паркираат без дозвола низ целата улицата.