Европската фудбалска куќа (УЕФА) официјално покрена дисциплинска постапка против српскиот шампион Црвена Звезда поради пораките истакнати од навивачите за време на реванш-натпреварот против Викторија Плзењ во рамките на плеј-офот за Лигата на Европа.
Меморијалниот центар Сребреница побарал трајна дисквалификација на белградскиот клуб од европските натпреварувања. Како дополнителен проблем ги посочил објавите на официјалните профили на Звезда. Црвена звезда се соочува со сериозен проблем по пораките за генералот Ратко Младиќ ...
Меморијалниот центар Сребреница испратил официјално барање до УЕФА за трајна дисквалификација на Црвена звезда од европските натпреварувања под покровителство на европската фудбалска федерација, поради величањето на Ратко Младиќ за време и по натпреварот со Викторија Плзен.