По самитот на НАТО, Киев треба да добие финансиска и технолошка поддршка од САД, како и лиценца за производство на ракети „Патриот“. Прашањето е: под кои услови? На членките на се договорија за обемен пакет воена помош за Украина во вкупна вредност од 140 милијарди евра.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Киев е заинтересиран за соработка со јапонската компанија „Мицубиши“, која има лиценца за производство на ракети за противвоздушниот систем „Патриот“ и има искуство во такво производство.
Украина и САД постигнаа политички договор за лиценци за производство на пресретнувачи PAC-3 за системите „Патриот“, изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека клучните испораки на ракетите треба да пристигнат во следните неколку дена.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека имал добар состанок со американскиот претседател Доналд Трамп, на кој, како што истакна, била нагласена потребата од зајакнување на украинската противвоздушна одбрана (ПВО) поради интензивираните руски напади.