Кога рацете зборуваат, а светот слуша – знаковниот јазик докажува дека за вистинско разбирање не е потребен глас, туку отвореност на општеството. Еден од поголемите проблеми кога станува збор знаковниот јазик е неговата стандардизација но и сеприсутност во сите институции.
Инклузијата во образованието бара заеднички ангажман, а познавањето на знаковниот јазик може да биде важен чекор кон полесна комуникација со лицата со оштетен слух, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Знаковниот јазик не е само начин на комуникација, туку јазик на идентитетот, достоинството и еднаквоста – порача претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешното одбележување на Меѓународниот ден на знаковните јазици во законодавниот дом.