Името на Пецов стана актуелно во јавноста откако непосредно по враќањето во државата, по извесен период поминат во бегство, беше уапсен неговиот адвокат и поранешен државен правобранител Фехми Стафа за примање поткуп за да го ослободи од притвор.
Пресудата со која Љупчо Пецов е огласен за виновен е правосилна од 21 септември 2026 година, откако странките не вложиле жалба, информираат од Кривичниот суд. Пресудата била донесена на 24 август годинава врз основа на признание на вина од страна на обвинетиот.
Љупчо Пецов, познат како „Ѓаволот“, е правосилно осуден на две години затвор, но казната нема да се изврши доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело. Пресудата е донесена откако Пецов признал вина на 24 август 2026 година, а бидејќи ниту една од странките не ...