Ако сакате од обичниот компир да направите нешто поинакво, овие солени палачинки се одличен избор. Крцкави однадвор, меки одвнатре и готови за кратко време, а послужени со павлака, јогурт или освежителен сос со зачински билки, лесно можат да станат омилен оброк.
Ако ви треба рецепт за прилог кој исчезнува од масата речиси побрзо од главното јадење, класичната американска компир-салата е одличен избор. Меки парчиња компир се комбинираат со кремаст прелив од мајонез и сенф, кисели краставички, целер, млад кромид и свежи зачински билки.
Компирот со крцкава сланина е едноставно и заситно јадење кое се подготвува без многу комплицирање. Компирот прво кратко се вари, а потоа се запекува во маснотијата од сланината, па добива златни, крцкави рабови и богат вкус.